недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Повеќе нема оправдувања“: Јелена Карлеуша проговори за односот со Душко Тошиќ, Атина и Ника се уште не се свесни што се случува со нивната мајка

„Повеќе нема оправдувања“: Јелена Карлеуша проговори за односот со Душко Тошиќ, Атина и Ника се уште не се свесни што се случува со нивната мајка

Пејачката Јелена Карлеуша за Нова Година 2022 ќе настапува пред Народното собрание, а како што вели нејзините ќерки Атина и Ника ќе присуствуваат на спектакалот.

Таа вели нема причина, ниту оправдувања нејзиниот сопруг Душко Тошиќ да не присуствува на настапот.

-Мислам дека Атина и Ника се уште не се свесни што се случува и мислам дека еден ден ќе знаат што значи дека мајка им пееше пред Народното собрание. Еден ден кога ќе ги погледнат снимките од таа вечер ќе може да бидат горди на нивната мајка. Не гледам зошто и Душко не би бил тука, тој сега ја заврши кариерата и го има целото време на светот да биде покрај нив на настапот“, вели Јелена.

-Ова ќе биде првпат Атина и Ника да присуствуваат на таков спектакл, тоа е важна работа за нивната мајка, за семејството, затоа што тоа останува во кариерата, не може секој да пее пред Народното собрание и не може секој да направи концерт кој ќе се прошири во цел свет“, вели Јелена.

За Нова Година освен Јелена Карлеуша, пред Народното собрание ќе настапи и Марија Шерифовиќ и Сара Јо.

Најнови вести