Распадот на групата „Хурикејн“ изненади многумина, а сега се огласи и Марија Шерифовиќ која изјави дека пред сите знаела што ќе се случи.
– Сето тоа го видов, знам за тоа. Знам за што се работи, но знаев за тоа уште пред да стане јавна вест.
– Девојките и менаџментот имаат долги години фантастична соработка, а брендот ќе остане да постои – изјави за Блиц Марија Шерифовиќ.
– Доаѓаат некои нови девојки. Можам само да кажам дека некаде ми е жал за тоа, но сакам и да им посакам се најдобро на Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ – рече Марија и додаде:
– Им посакувам среќа во соло кариерата и во било која друга работа и задача која животот ќе им ја сервира, заклучи пејачката.