Сите очи во Венеција беа вперени кон свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез.
Прекрасната бринета (24) облечена во фустан без прерамки, чиј долен дел се состоеше од боди и црна тантела го покажа својот задник додека им позираше на фотографите на свечената церемонија на отворањето на Мостра.
Георгина и Кристијано Роналдо неодамна се преселија во Италија каде што тој потпиша за Јувентус во најскапиот трансфер на сите времиња на италијанскиот клуб.
Георгина и Роналдо имаат четири деца – Роналдо помладиот и близначките Ева и Матеја, добиени со помош на сурогат мајка, како и биолошката ќерка Алана, која во ноември ќе наполни една година.