Верица Шерифовиќ последниве години не се експонира во јавноста, а познато е и дека започнала приватен бизнис, кој за жал сега веќе пропаднал.
Имено, пејачката ја затворила слаткарницата и сето тоа поради кризата која завладее на сите страни.
-Да ви кажам искрено, порано подготвував разни работи, сега нема причина за тоа. Има толку добри домашни производи што можам да купам ајвар и краставици за Марија и за мене, а има и кисели краставички и се` на Земунскиот пазар, па нема зошто да складирам. На крајот на краиштата е за некој што има големо семејство – вели Верица и додава:
– Секако дека поскапувањето ги погодува сите, но јас ја затворив мојата слаткарница „Маравера“. За време на короната, сите ја почувствувавме кризата што се однесува до тие мали бизниси, па секако тоа ми се случи и мене. Едноставно веќе не вредеше да се држиш за него. Не сум само јас единствена, што е, тоа е – открива пејачката за „24 седум“.
Шерифовиќ се надева дека ќе се врати во бизнисот и покрај неуспешноста во него.
– Можеби на пролет, не знам. Се зависи од ситуацијата. Веројатно повторно би отворила слаткарница, навистина уживам – заклучува Верица за споменатиот портал.
Да потсетиме, Марија во една прилика додека снимаше за својот блог ја посети слаткарницата на нејзината мајка која е опремена по највисоки стандарди, а во таа прилика подготвија и разни специјалитети кои навистина ги сака Верица, како што и самата истакнала во неколку прилики.