Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена отпатува на Малдивите со внукот Жељкo, сестрата Лидија и членовите на нејзиното семејство.
Имено, таа имаше незаборавен пречек, а освен што ужива таму, таа за „ТВ Блиц“ снима и материјал за свoјата серија наречена „Цеца шоу“.
Според приложените материјали, во специјалните епизоди што ќе се емитуваат, гледачите ќе можат да видат многу интересни работи од нејзиното патување, а јавноста за прв пат ќе види како таа изгледа кога ужива со семејството.
-Во две „тропски“ епизоди гледачите ќе имаат можност да видат бројни авантури од ова патување, како изгледа 10-часовното патување со две и пол годишниот Жељко, но и моментот кога Цеца за прв пат во животот пливала со ајкули од кои најмногу се плаши – вели извор за „Блиц супер ТВ“.
Цеца, инаку, имала на располагање 24-часовна услуга, па уживањето и било целосно загарантирано.
Да потсетиме, на споменатото патување и се случи и еден пех на Цеца. Ражнатовиќ ги повредила колената, кои и беа крвави, како последица од паѓање од даска за сурфање. Инаку, внукот Жељко го научила да плива, дел од тоа сподели на социјалните мрежи.