Овој викенд познатиот пејач Аца Лукас наполни 50 години.
Пејачот роденденот го прослави во семејна атмосфера во својот дом во друштво на најмилите, ќерка и синови, но и внуката.
Ден по прославата пејачот на својот Инстаграм профил објави фотографија од внуката која се роди на 19 мај кога се породи најстарата ќерка на пејачот Милјана.
Пејачот веднаш беше преплавен од позитивни коментари, инаку ова е прво внуче на пејачот, а таа се вика мина.