Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ овие денови е на заслужен одмор во Тајланд од каде секојдневно споделува фотографии од тоа како ужива на плажа.
Дваесет и едно годишната млада пејачка речиси секојдневно ги изненадува фановите со фотографии во минијатурно бикини, а овој пат ги изненади сите со малку поинаква фотографија од себе.
Имено таа сподели фотографија за прв пат со своето момче како ужива во базен на луксузниот одмор во Тајланд и на истата се насмеани што е доказ дека парот е се сака и двајцата се вљубени до уши.
На истата фотографија на Инстаграм Анастасија позира до Ѓорѓе со кого се забавува веќе неколку години по ред.
Парот последен пат беше фотографиран во ноември кога братот на пејачката стапи во брак со Богдана Родиќ.