Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез ја објави првата фотографија од нејзината ќерка. Таа и Роналдо ѝ го дадоа името Бела Есмералда. Бела се роди на 18 април. На тој ден Роналдо и Георгина добија и син кој го загубија поради компликации во породувањето.
Двајцата сега им се заблагодарија на сите за поддршката која ја добија во овој преиод.
View this post on Instagram
„Доме слатки доме. Гио и нашето девојче конечно се заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите почувствувавме љубов и почит кои ги имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го имаме на овој свет“, напиша фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
View this post on Instagram