Пејачката Јелена Карлеуша пред два дена се врати како жири во „Ѕвездите на гранд“ по долгата пауза која ја направи откако ненадејно почина нејзината мајка Дивна.
Пејачката Претходно се појави во црно бела комбинација со што остави впечаток дека животот оди понатаму, но откако ја даде првата изјава за медиумите се остава впечаток дека тоа не и оди најдобро.
Таа пред почеток на снимањето им се обрати на своите колеги од жирито како и на публиката, а од нејзините зборови на многумина им надојдоа солзи.
-Се вратив. Јас оваа година нешто константно се враќам и имам „comeback“. Се надевам ова нема да се повтори уште некој пат оваа година, вели пејачката.