понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Распишана потера по пејачот: Аца Лукас не смее да ја напушти Србија

Распишана потера по пејачот: Аца Лукас не смее да ја напушти Србија

По Аца Лукас е распишана потера. Пејачот за тоа дознал во саботата на аеродромот Никола Тесла, кога тргнал на тезга во Италија. Фолкерот го предал багажот и се чекирал за Виена, од каде требало да го фати летот за Милано.

Меѓутоа полицијата го запрела на пасошка контрола и му соопштила дека нема да може да ја напушти Србија. Според извор близок до фолкерот, тој дошол во непријатна ситуација, бидејќи не се одзвал на поканите на судот, поради сообраќајка која ја имал во Инџија со уште едно лице, кое против него поднело пријава.

-Тој бил шокиран кога полицијата му соопштила дека нема да може да полета, бидејќи по него е распишана потрага. Пејачот тогаш почнал да вика и пцуе. Полицајците биле љубезни и се обидувале да му објаснат дека процедурата мора да се почитува и дека мора да се јави во судот во Инџија поради прекршок – рекол соговорник кој се нашол на местото на настанот.

Аца тврдел дека не знае за што станува збор и дека мора да оди на закажана тезга.

-И како сега на луѓето да им објаснам дека не сакате да ме пуштите? Па не сум јас криминалец вака да се однесувате со мене. Не можам да верувам што ми се случува. Морам да одам на таа тезга. Луѓе пуштете ме да влезам во авионот, викал пејачот, кој после два часа сепак го напуштил аеродромот.

Најнови вести