недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо и Георгина во Дубровник: Дозволено им е да го прават тоа што не им било на најголемите светски државници (ФОТО)

Роналдо и Георгина во Дубровник: Дозволено им е да го прават тоа што не им било на најголемите светски државници (ФОТО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред два дена со приватен авион пристигнал во Дубровник заедно со својата девојка Георгина.

Како што пишуваат хрватските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на светот одморот го минува на едно од најскапите места во градот. Тој престојува во вила во која едно ноќевање чини 7.000 евра.
Парот, имено, уживал во велигденски ручек на островот Лопуд.

 

View this post on Instagram

 

?? Cuando una amiga me dice: por ahí viene tu marido, actúa normal. Yo:

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

По ручекот и прошетката отишле да се одморат, а вечерта вечерале во познат ресторан сместен во градските ѕидини на Дубровник.

Тие со комби пристигнале до самите ѕидини на древниот град, што не им било дозволено ни на некои до најголемите светски државници како Ангела Меркел, Дик Чејни и англискиот принц Чарлс.

Како што пишуваат тамошните медиуми, децата и другите насобрани останале разочарани што Роналдо не ги поздравил.

Георгина денес објавила интересна видео снимка од терасата на нивната вила додека се сонча и чита книга. Како што напишала, не се одвојува од својот уред за избелување на заби, кој, се претпоставува, го рекламира на оваа социјална мрежа.

 

View this post on Instagram

 

@hismileteeth always with me ???

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Најнови вести