понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сајмон 10 месеци не користи мобилен: Откри зошто се решил на тоа и како се чувствува

Сајмон 10 месеци не користи мобилен: Откри зошто се решил на тоа и како се чувствува

Британскиот музички продуцент Сајмон Кауел, откри дека не го користел неговиот мобилен телефон десет месеци, што многу добро влијаело на неговото ментално здравје.

Медискиот могул изјавил за „Меил“ дека многу го иритирало тоа што премногу често го користел телефонот. Педесет и осум годишниот музички продуцент, истакнал дека станал многу повеќе фокусиран и свесен за луѓето околу него од кога се откажал од телефонот.

Откажувањето од телефонот, за него било чудно искуство, но го направило посреќен.

-Не го користам телефонот точно 10 месеци. Многу ме иритираше кога имаш состанок, сите се на своите телефони и најверојатно и јас бев дел од тоа. Не можеш да се сконцентрираш, изјавил Кауел.

-Многу е добро за моето ментално здравје. Многу е чудно искуството, но е многу добро и ме направи апсолутно посреќен, додал тој.

Истражувањето спроведено од страна на Deloitte во 2017 година покажало дека 55% од корисниците на телефонот го проверуваат својот уред во рок од 15 минути по будењето наутро, додека 41% сметаат дека нивниот партнер го користел премногу мобилниот телефон.

Во март, беше објавено дека апликацијата која ги наградува студентите за времето поминато без нивните телефони, се објавува на 170 универзитети во Велика Британија откако се покажала популарна во Скандинавија.

Покрај Кауел, други познати личности кои, ги избегнуваат мобилните телефони се Елтон Џон, Тајра Бенкс, Том Круз и Сара Џесика Паркер.

Најнови вести