четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Саша Поповиќ откри колкава му е пензијата

Саша Поповиќ откри колкава му е пензијата

Саша Поповиќ откри колкава му е пензијата, а Драган Стојковиќ Босанац дека редовно користи јавен превоз.

– Дали си зеде бесплатен билет за јавен превоз? Знам дека имаш Мерцедес што троши 20 литри, па не ти се исплати да го возиш низ Белград – рече Поповиќ.

– Јас сум пензионер и се гордеам со мојата пензија, но ги поддржувам сите правила кои владеат во оваа држава. Си имам свој билет со кој се возам низ Белград бесплатно. Лесно ти е тебе кога не живееш од пензија, му возврати Босанац.

– Како не живеам од пензија? Пензијата ми е најслаткото нешто – му одговори Саша.

– Лесно ти е тебе кога земаш пензија од илјада евра – додаде Босанац.

– Моментно имам 880 евра, откри Поповиќ во „Ѕвезде Гранда“.

Најнови вести