петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи Елена Ристеска: Еве што ВАЖНО има да каже пејачката по физичкиот напад врз неа

Се огласи Елена Ристеска: Еве што ВАЖНО има да каже пејачката по физичкиот напад врз неа

Mакедонската поп-пејачка Елена Ристеска се огласи на социјалните мрежи и потврди дека била нападната пред познат скопски ноќен клуб.

-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, пишува Елена на социјалните мрежи.

Информацијата за нападот на пејачката Ристеска беше потврдена во билтенот на МВР.

Како што соопшти МВР, Ристеска нападот го пријавила во полиција во 02.30 часот.

„Денеска во 02:30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице)“, стои во вчерашниот билтен на МВР.

Од МВР не соопштија детали од инцидентот, но велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести