Богдана Родиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ како и нејзината сестра Бојана, партнерката на Мирко Шијан пред да се омажат живееја во семејната куќа во Тител заедно со родителите и уште едната сестра Наташа.
Иако Богдана и Бојана го напуштија семејното гнездо и се преселија во Белград, често тие се дома во родната куќа која сега е реновирана и проширена за внуците и зетовите.
Сестрите често споделуваат детали од нивниот дом, а на истиот се гледаат луксузни делови во домот како што се кристалните лустери, луксузната кујна, спална соба, како и дневна соба која е целосно реновирана.
Во домот доминираат нежните тонови, а валкано белата боја и сивата се доминантни, додека златните детали сите ги потсетуваат на вилата на Цеца на Дедиње.
Куќата има два ката, како и огромен двор, а од надвор е реновирана неодамна, т.е по свадбата на Вељко и Богдана.