По смртта на најпознатиот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ многу се шпекулираше за кого таа ја напишала последната песна.
Нејзиниот син, Милан Радуловиќ Лаќа, кој исто така е текстописец, открива која е последната песна.
-Како се мери последната песна? Дали е тоа последната објавена песна или последна продадена или последна во нејзината тетратка запишана. По моето чувство, последна е таа која е во збирката. Тоа е песна за Наташа Беквалац. „Излечена“. Тоа е симболично, да испадне на крајот така. Не сум се слушнал со Наташа, но тој е еден од моите омилени текстови на мама, вели Лаќа.