Миљана Кулиќ психички не би поднела ако дознае дека Дарко Лазиќ се бори за живот, вели блиска пријателка на учесничката во реалното шоу „Задруга“ која и самата има изјавено дека била заљубена во пејачот.
Продукцијата на телевизија Пинк на сите начини се обидува оваа информација да не дојде до учесниците на „Задруга“, се додека состојбата на пејачот не биде стабилна, а тој надвор од животна опасност.
-Миљана е чувствителна кога е Дарко во прашање. Таа би гребела и со раце и со нозе да излезе од „Задруга“ кога би дознала дека тој е во тешка состојба во болница. Тоа не би го издржала. Одлично ја познавам и се сеќавам како реагираше кога Дарко пред неколку години падна од мотор. Тогаш имаше полесни повреди, а Миљана со денови плачеше и одеше да го посети. Сега можете да замислите што би се случило кога би дознала дека животот му виси на конец. Продукцијата тоа многу добро го знае и поради тоа на никого не му е дозволено да внесува информации од надворешниот свет во „Задруга“, вели пријателката на Кулиќ.
Инаку, Миљана како да претчувствувала дека со Лазиќ нешто се случува па на денот на несреќата постојано зборувала за него. Таа разговарала со еден од учесниците во реалното шоу токму тој ден и му рекла дека со години била заљубена во пејачот.
-Тој беше многу убав кога се појави во светот на музиката, но потоа брзо се здебели. Јас него многу го сакам, ги сакам и неговите песни. Бев многу заљубена во него. Се правев само да ме забележи. Би сакала повторно да го видам. Му ја посакувам сета среќа на овој свет, рекла Миљана на денот на несреќата на Лазиќ во разговор со својот пријател од реалното шоу.