Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ редовно носи брендирана облека на себе за која се зборува со денови откако ќе се појави во јавноста.
Истото се случи и овој пат откако го снимаше детаљот на себе.
Имено секоја нова нејзина чанта вреди цело богатство, а овој пат носеше чанта од брендот „Луј Витон“.
Како што стои на нивната официјална страна овој модел има почетна цена од 2.230 евра.
Цеца сакајќи да ја снима својата сестра на аеродромот во Германија, покажа што носи во рацете, па предизвика стотици коментари на социјалните мрежи.