четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Скандал на Беовизија: Aца Лукас го саботирале за време на неговиот настап?

Скандал на Беовизија: Aца Лукас го саботирале за време на неговиот настап?

Пејачот Аца Лукас сношти настапуваше на Беовизија и помина во финалето на ова музичко натпреварување односно ќе се бори да ја претставува Србија на Евровизија 2022 година.

Meѓутоа, српските медиуми пишуваат дека Лукас го саботирале за време на неговиот настап.

-Кога заврши со настапот, од тимот на Лукас можеше да се слушне дека на девојката која свирела виолина не и биле вклучени светлата на инструментот како што светел клаварот на кој свиреше Аца. Некој намерно не ги вклучил светлата и тоа влијаеше на лошото осветлување. Лукас полуде, но ништо не кажа, веќе имаше скандал со Бајага кој го провоцираше, па не сакаше додатно да се нервира. Сега чека да види што ќе го снајде во финалето, вели извор за Информер.рс

За потсетување, Лукас едвај прифати да се натпреварува, а пред самиот избор имаше неколку услови.

Имено, неговиот менаџер истакна дека ако РТС не ги објави имињата на членовите на жирито, Аца Лукас нема да настапува.

Пејачот сепак настапуваше, па помина и во финале кое ќе се одржи во сабота на 5ти март.

Најнови вести