Британската актерка Ема Вотсон се појави на свеченоста по повод доделувањето на Оскарите во црна тоалета без ракави и ја покажа новата тетоважа во чест на холивудското движење против сексуалното насилство.
На забавата по Оскарите многумина забележаа дека тетоважата на дваесет и седумгодишната ѕвезда од филмовите „Хари Потер“ има правописна грешка и наместо „Time’s Up“ е напишнао „Times Up“.
Актерката, која донираше милион фунти за поддршка на жртвите на сексуално насилство, не откри дали тетоважата е привремена или трајна.