Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ на вчерашното сослушување открил дека дошло до кавга меѓу него и пејачката во нивниот семеен дом на Дедиње, пренесуват српските медиуми.
Имено, 36-годишниот Тошиќ во својата изјава ги негирал наводите за физичко насилство. Фудбалерот на инспекторите во полициската станица им рекол дека е шокиран што Јелена пријавила такво нешто во полиција.
„Не ја удрив Јелена, не ја ни допрев, единствено што е вистина е дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што денес наместо да бидам со децата и да го поминам празникот дома, поради пријавата на сопругата седам во полициска станица. Шокиран сум, не можам да разберам што ми се случи“, изјавил Душко, кому полицијата му забранила да ѝ се приближи на Јелена во следните 48 часа.
На сослушувањето присуствувале и неговите адвокати Небојша Перовиќ и Никола Премовиќ.
Да потсетиме, драмата започна вчера кога пејачката викнала полиција во нивната куќа. Наводно, таа одбила да оди на лекарски преглед и да отиде во полициска станица да даде изјава.