Откако Коронавирусот официјално се појави и на Балканот се огласи и српската пејачка која неодамна беше на одмор во Италија.
-Еј луѓе сега е десет часот навечер во Истанбул. На телевизија гледам вести за коронавирусот кој се шири во Европа, вака започна да зборува за своето искуство пејачката Емина Јаховиќ.
-Сакам со вас да ја поделам анксиозноста која се чувствува поради сето она што се случува. Пред недела дена одмарав во Милано и ми беше срамота да шетам со маска на мене низ улиците, но сега сфаќам дека тоа беше грешка. Носете маски и мијте ги рацете што е можно повеќе во денот. Водите грижа за децата. Направете се што е можно да се заштитите, порача Емина во своето обраќање на Инстаграм.
Таа ги потсетува фановите дека виделе колку е опасен тој вирус и ги замолува да ги почитуваат сите правила.
На крајот од истото таа им посака добра ноќ на фановите и им рече дека со ова видео само сакала да го сподели своето искуство и срамот од заштита која можела скапо да го плати.