Вчера на гробиштата во Белград се одбележаа 23 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
На поменот присуствуваше неговата сопруга Светлана Цеца Ражнатовиќ со децата Вељко и Анастасија.
Она што го забележаа новинарските екипи беше жената која дојде најрано од сите се со цел да не се сретне со пејачката и децата.
Станува збор за неговата сестра Јасна, таа положи цвеќе на неговиот гроб и веднаш си замина.
Сепак, она што сите го забележаа и го коментираат е стајлингот во кој се појави Цеца на гробот на својот покоен маж.
Имено таа направила преседан и наместо да носи црно, носела сив капут и светли фармерки.