понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТАА ГОДИНА Е ПРЕШКРТАНА СО ЦРНИ БРОЈКИ ВО КАЛЕНДАРОТ – Карлеуша само еднаш проговори за загубата на бебето во бременоста!

ТАА ГОДИНА Е ПРЕШКРТАНА СО ЦРНИ БРОЈКИ ВО КАЛЕНДАРОТ – Карлеуша само еднаш проговори за загубата на бебето во бременоста!

Јелена Карлеуша во 2014 година го загуби своето бебе во осмата недела од бременоста.

Иако пејачката не сакаше да ги открие деталите за ненадејното прекинување на бременоста, во интервју за магазинот „Story“ потврдила дека поради тоа преживеала пекол.

– Навистина не сакам да зборувам за тоа. Ве молам бидете внимателни. Доволно е да кажам дека постојаниот стрес во мојот случај доведе до катастрофални последици, изјавила Јелена тогаш.

Таа тогаш дека тоа е само нејзина работа и не сака да ја споделува со јавноста.

„Не знам од каде ја добивте таа информација. Тоа е само моја работа, моја интимност и не сакам да се пишува и зборува за тоа. Не сум од оние кои кукаат, повеќе сакам да ме гледаат како борбена и истрајна жена. Иако сум сопруга и мајка на две деца, се сметам за голем борец“, заклучила Карлеуша.

Поп-ѕвездата за „Story“ раскажа и како во тие тешки моменти нејзините најблиски како и секогаш и пружале несебична поддршка.

– Моето семејство е тука за мене во сите животни бури, сопруг, мајка, татко, тетка, брат, пријатели… Тие се моето прибежиште и градат бедем околу мене, истакна пејачката во тоа време.

Најнови вести