Луксузот во кој ужива Јелена Карлеуша на Дедиње речиси сите го знаат, но ретко кој се сеќава каде живееше пејачката пред да се пресели во вилата заедно со фудбалерот Душко Тошиќ.
Соседите на брачната двојка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ овој пат за медиумите открија дека во соседството каде што сега живеат тие на Бежаниска коса, претходно живеела Карлеуша.
View this post on Instagram
Таа била сосед со Лепа Брена, Илда Шаулиќ, Ацо Пејовиќ, Ќеба и Нада Обриќ.
Куќите инаку таму се слични и сите се градени во исти стил, а во една од нив пејачката ги поминала деновите пред да се омажи за Тошиќ и да се породи со Атина.
View this post on Instagram
-Одамна беше тоа, пред десетина и повеќе години. Таа куќа е на еден директор на банка, а Карлеуша живееше под кирија, а потоа се отсели и се роди нејзината ќерка, вели изворот.