Протекуваат детали од книгата на принцот Хари, британските медиуми постојано пишуваат за нив, а некои од нив се прилично бизарни. Војводата од Сасекс сподели голем број приватни детали и откри дека е обрежан. Тој раскажал и за проблемите со пенисот на свадбата на брат му затоа што штотуку се вратил од експедиција на Северниот пол.
“Тато беше многу заинтересиран и сочувствуваше со непријатноста на моите уши кои беа премрзнати. Додека ушите и образите закрепнуваа, пенисот не. Тоа стануваше се поголем проблем секој ден”, вели тој во своите мемоари, додавајќи дека не сака да зборува премногу за неговиот пенис.
Да потсетиме дека Хари во своите мемоари откри дека неговиот татко Чарлс му ја соопштил веста за смртта на мајка му и тоа на прилично ладнокрвен начин. Освен тоа, принцот во книгата открил дека косата на мртвата мајка Дијана ја чува во кутија. Тој напиша и дека се кае што ги гледал интимните сцени на Меган Маркл од серијата „Suits“.