Со години наназад фудбалскиот свет беше сведок на љубовната афера која во 2013 година се случи во Серија А, во чија главна улога беа Ванда Икарди, Макси Лопез и Мауро Икарди.
Старлетата прво беше во брак со Лопез се додека не се вмеша Икарди, па целата ситуација да започне да личи на шпанска сапуница и да биде топ тема број 1 во сите светски медиуми.
Најголемата иронија во овој љубовен триаголник беше тоа што двајцата фудбалери беа добри пријатели меѓу себе, а и двајцата имаат деца со старлетата.
По овој скандал излезе на виделина и нов во кој се потврдува секс скандалот помеѓу Ванда Икарди и Диего Марадона кој се случил во минатото, а тоа го потврди и една новинарка.
„Додека ручав во хотелот, ми пријде Ванда и ме праша зошто не сум ја поканила во мојата емисија. Ја прашав дали е во врска со Марадона. И кажав дека ме оставија без спиење претходната вечер. Јас бев во претседателскиот апартман, тие беа во собата до мојата. Не можев да спијам, бидејќи беа многу гласни додека преместуваа мебел, и не знам уште што не. Ова се случи пред многу години” – вели Мирта.
Шест години подоцна слична шпанска сапуница се случува во соседството.
Во сценариото во кои главни улоги се Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ и Огнен Врањеш, главната разлика е во тоа што во италијанското имаше докази, додека во српското засега ништо не е официјално потврдено.
Сепак она што и е добро познато на јавноста се голите фотографии на пејачката и фудбалерот кој си ги објавија меѓусебно двајцата, а пејачката дури неговиот полов орган го наречи како „микромал“.