петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ќе ја пее песната во филмот за Џеј: Насловот има само две зборчиња, но многу емоции

Цеца ќе ја пее песната во филмот за Џеј: Насловот има само две зборчиња, но многу емоции

На 6-ти декември се навршуваат три години откако нè напушти легендата на народната музика и големиот боем Џеј Рамадановски, а премиерата на филмот за неговиот живот е планирана за тригодишнината од неговата смрт.

Насловната песна на филмот ќе ја пее фолк ѕвездата и блиска пријателка на Џеј, Цеца Ражнатовиќ, а деталите сега ги откри токму таа.

Воедно, ова е прва песна на Цеца која ја снимила после 6 години.

-Снимена е песна за филмот за Џеј! Фута, Марина и јас во нова песна. Нова песна, стари чувства! Едвај чекам да ја слушнете „За крај“, напиша Цеца.

Да потсетиме, филмот за Џеј се снимаше на локација во Белград и во Панчево.

Во оваа филмска адаптација Џеј ќе биде прикажан како наратор на филмот. Улогите им беа доделени на истакнати актери.

Најнови вести