среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вечерва нема напнато гласање и избирање победник- Евровизија сепак ќе се одржи, еве што ќе се случи со македонскиот претставник

Вечерва нема напнато гласање и избирање победник- Евровизија сепак ќе се одржи, еве што ќе се случи со македонскиот претставник

Вечерва ќе се одржи малку поинакво издание на Евровизија 2020 година закажана во Ротердам.

Европа со нетрпение очекува да види вечерва како ќе изглед специјалното евровизиско шоу именувано како „Блесни Европо“.

Во ноќта кога требаше се да оди по план и да го добиеме победникот во финалето на најгледаното музичко шоу во Европа, вечерва ќе видиме алтернативно шоу каде ќе се прикажат само рефрените на овогодинешните учесници, вклучувајќи го и македонскиот претставник.

По овој повод победничката од 2007 година Марија Шерифовиќ со песната „Молитва“ вели дека е тажна бидејќи нема да го има тој ритуал на гледање на финалето на Евровизија и напнатото гласање.

-Со оглед на тоа дека музиката на крај победува, ќе го видиме и вечерва за време на преносот на ова шоу, вели победничката Шерифовиќ.

Најнови вести