Еден од најпознатите светски фудбалери, Кристијано Роналдо има големо семејство, тој е татко на четири деца: близначките Ева Марија и Матеа, ќерката Алана Мартина и синот Кристијано Џуниор, а во октомври годинава со своите фанови ја сподели веста дека чекаат и близнаци.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Се чувствуваме благословени“, напиша Роналдо покрај фотографијата на која позира со Георгина и ја држи фотографијата од ултразвукот во раце.
Познатиот пар досега не откри премногу детали, а сега фудбалерот одлучил јавно да го открие полот на близнаците, а фановите, се разбира, беа многу воодушевени од гестот.
Имено, тој на Инстаграм објави видео во кое во нивниот дом неговите четири деца пукаат два големи црни балони од кои се расфрлаа сини и розови конфети, што значи дека Роналдо и неговата Георгина ќе добијат девојче и момче.
„Онаму каде што започнува живот, љубовта никогаш не завршува“, напиша Роналдо покрај видеото, додавајќи дека се чувствува „благословен“. Видеото за помалку од 24 часа е прегледано речиси 20 милиони пати, а заработи над пет милиони „допаѓања“.
Ниту Роналдо, ниту Георгина никогаш не криеле дека сакаат да имаат многу деца и големо семејство, па фудбалерот на Манчестер Јунајтед во 2017 година изјави дека сака седум деца, додека Георгина минатата година изјави дека нејзината „желба за мајчинство е посилна од било кога и сака да има повеќе деца“.