Провокативниот спот на Јелена Карлеуша и Дара Бубамара за песната „Галама“, заврши на најпознатата порно-страница „Порнхуб“, а пејачките го добија епитетот „славни стари дами“, пишуваат српските медиуми.
Најголемите ривалки оваа пролет се смирија и почнаа да соработуваат со што ги привлекоа очите на јавноста.
Особено интересен беше фактот што некогаш лутите противнички настапија заедно на концертот на Дара во Белград, а за тоа, снимија и заедничко видео за песната „Галама“, кое изобилува со „жешки” сцени.