За свадбата на деценијата веќе се зборува со денови иако таа заврши во неделата со крунисување на долгогодишната врска помеѓу Вељко и Богдана со брак.
Само два дена по свадбата стигна и убавата вест дека Богдана носи машко дете кое ќе биде нивниот прв син со Вељко.
Мајката на Богдана, Даниела по свадбата ги сумираше импресиите од прославата во неделата.
-Впечатоците се феноменални. Во животот ништо вакво немам видено, сите се воодушевени. Во еден момент не можев да поверувам колку луѓе дојдоа во Титл, не можев да поминам со сопругот и Цеца во моментот кога Вељко ја гаѓаше јаболката. После тоа куќата ми беше полна со луѓе, а кога Богдана излезе едвај пројде до автомобилот. Истото се случуваше и пред храмот, среќа немаше ниту еден инцидент, раскажува импресионираната баба.
Ова е само уште еден доказ дека помеѓу сватовските семејства владее одличен однос, а истото го докажа и Вељко неодамна коментирајќи на една фотографијата на сестрата на Богдана каде таа е со нивната мајка.
-Тоа е и мојата мајка сега, ти смееш да ја викаш Даниела, напиша Вељко неодамна кој не можел да се помири дека сестрите на неговата сопруга не сфатиле дека таа веќе и негова мајка.