Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша добила посебен и оргинален подарок за Меѓународниот ден на жената.
Јелена прво ги покажала букетите и разните нијанси на рози во облик на срце, со кои биле украсени слатки работи.
Меѓутоа, тоа не било се, па Јелена се пофалила со една посебна роза и тоа златна. Карлеуша добила златна роза во стакло, а судејќи по нејзината реакција, и тоа како и се допаднал подарокот кој го добила за 8-ми март.
„Вау, каков подарок“, „Прекрасно изгледаш“, „За посебна дама и посебна роза“, „Воодушевена сум“, „Каков знак на внимание“ – се само некои од коментарите.
Јелена не открила од кого добила златна роза, а многумина помислиле дека тоа е од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.