По долг временски период, Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија со нејзиниот сопруг Душко Тосиќ.
Сликата е направена за време на вечера во Истанбул, а Јелена јавно му испратила силна порака.
„Здравица за добриот, искрен, добронамерен човек кон мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за одличен спортист. Здравица за човекот кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади – започна Јелена.
– Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: Никој не може да те извалка, Душко, нема такви ѓубриња,
такви лоши намери, лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство – додаде таа.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Денот на вљубените го помина во Истанбул, а вчера, понеделник, 15 февруари, беше на вечера со Душко и пријателите и со познат локален хирург, наречен д-р Б.