четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Документарецот на Нетфликс за Георгина има најлоша оценка од публиката: Плитко и површно

Документарецот на Нетфликс за Георгина има најлоша оценка од публиката: Плитко и површно

Нетфликс долго време ја најавуваше документарната серија „Јас сум Георгина“ за партнерот на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо. Шест продолженија на гледачите им дадоа увид во луксузниот живот на оваа двојка, чија врска не беше многу позната бидејќи Роналдо е прилично скржав кога е во прашање приватниот живот, па изненадува тоа што во овој документарен филм емотивно и отворено зборува за започнувањето на врската со Георгина.. Иако Нетфликс имаше големи очекувања од документарецот, публиката беше разочарана и на ИМДБ од десет можни, оваа серија за Георгина има оцена 3,8. Публиката не го крие разочарувањето и голем број гледачи на ИМДБ и дадоа единица на оваа серија.

– Мислам дека не заслужува документарец, бидејќи навистина е никој и ништо. Разбирам дека таа е девојка на Роналдо, но во таа приказна Кристијано е славна личност и работи напорно за да заработи пари кои потоа може да ги потроши. Овој начин на живот како што таа го прикажува е ист како оној на Кардашијан. Ништо не работи, домаќинка е која троши пари на скапи чанти, тоа воопшто не ме интересира – пишува во еден коментар. Ниту другите коментари не ја поддржуваат Георгина, а многумина очекуваа да ја видат приказната за нејзиното тешко воспитување, но тој дел изостана.

– Не сум сигурен дали некому му се допаѓа оваа разгалена дама која носи Гучи. Нема ништо интересно во овој документарец. Оваа серија само покажува колку ова беше плитко, површно и колку беше непотребно да се снима ова. Ме потсетува на Кардашијан… Би ценел илјада пати повеќе ако Нетфликс направи уште едно шоу за Роналдо бидејќи тој е тој што има многу да понуди… Ве молам престанете да ги правите луѓето како неа важни..- некои од коментарите се разочарани гледачи.