Филмската компанија Фокс објави трејлер за новото продолжение на хорор акцијата „Предатор“.
Судејќи според најавата, вонземските грабливци овојпат се посилни, попаметни и посмртоносни од кога било во 30-годишната филмска сага, поради претопувањето и асимилацијата на други светови, коишто ги освоиле, пред повторно да ја нападнат Земјата.
„Предатор“ е еден од филмовите кои го прославија Арнолд Шварценегер, а во новото продолжение на сагата, главната улога му припадна на Џејкоб Тремблеј. Во филмот уште глумат и Ивон Страховски, Оливија Мун, Лохлин Мунро и Стерлинг К. Баун.
Премиерата е закажана за 14 септември годинава.