вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ШОК на српската естрада: Саша Поповиќ открива кој ќе го преземе Гранд

ШОК на српската естрада: Саша Поповиќ открива кој ќе го преземе Гранд

Саша Поповиќ открива дека точно за две години мнозински сопственикна „Гранд“ продукција повеќе нема да биде неговото семејство.

-За две години, една американска компанија во сто проценти ќе го преземе сопствеништвото на „Гранд“, но јас и натаму ќе бидат на чело. Моите и децата на Сузана се дел од таа приказна и секако дека би сакал тоа да го продолжат, но ќе видиме на кој начин,открива Поповиќ за „Стори“.

Од компанијата излегле со соопштение.

-„United media“ и сега е мнозински сопственик на „Гранд продукција“, а одлуката за тоа кога ќе станат стопроцентен сопственик ќе ја донесат Лепа Брена и Саша Поповиќ во договор со нив. Тоа може да биде за две, три или пет години, но Саша Поповиќ секако останува на чело на продукцијата. Важно е да се напомене дека Гранд има договор и со телевизија Прва за во наредните пет години да се произведува забавно шоу за нив, па Поповиќ наголемо размислува за новата сезона, велат од компанијата.