вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Цеца со тешко срце зборуваше за загубата на Анастасија и Немања: „Болката ќе остане во нас“

Цеца со тешко срце зборуваше за загубата на Анастасија и Немања: „Болката ќе остане во нас“

Во серијалот „Цеца и деца“, славната пејачка Цеца Ражнатовиќ проговри за загубата со која се соочија семејствата Гудељ и Ражнатовиќ, но најмногу Анастасија која го загуби бебето во петтиот месец од бременоста.

Цеца отворено кажа како се чувствува во овие тешки денови, како и тоа дека сега воопшто не е време за славење на нејзиниот роденден.

-Нема да го славам 50-от роденден од позната причина. На нашето семејство, на Анастасија и Немања, ни се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Никој не би славел на наше место. Животот не ме галеше, имав навистина огромни турбуленции, подеми и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти. Животот е создаден од овие работи. Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања. Сите заедно да се кренеме како семејство и да се ослободиме од болката што ќе остане во нас. Мора да се продолжи понатаму – изјави Цеца во новата епизода од нејзиното шоу „Цеца шоу“ и дополни кои се нејзините желби на прагот од шестата животна деценија.

Би сакала сите мои деца да бидат живи и здрави. Јас сум зрела личност, кога бев помала им се радував на подароците, но со возраста човек ја разбира суштината на животот и кои се неговите приоритети. Материјалните работи го задоволуваат човекот во моментот, суштината е семејството да е заедно, сите да се живи и здрави и среќни – изјави Цеца.

фото:Принтскрин Јутјуб/Блиц ТВ