четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Агентот на Лаутаро ги отфрли шпекулациите за заминување на фудбалерот од Интер

Агентот на Лаутаро ги отфрли шпекулациите за заминување на фудбалерот од Интер

Агентот на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез вечерва демантираше трансфер на неговиот клиент.

-Не размислуваме за трансфер, тој е во Интер, среќен е, градот е прекрасен. Понекогаш печатот пишува за трансферот, но Лаутаро размислува за клубот, да им приреди радост на луѓето, да станат шампиони и сè уште да се стремат кон трофеи, изјави агентот на Мартинез.

Претходно беше објавено дека тренерот на Арсенал, Микел Артета инсистира да го купи 24-годишен играч.

Напаѓачот оваа сезона на 45 натпревари постигна 21 гол и имаше три асистенции.

Договорот на Мартинез со Интер истекува во 2026 година. (МИА)