Напаѓачот Серхио Агуеро нема да го напушти Манчестер сити во најблискиот трансфер прозорец и покрај двегодишната дисквалификација на клубот за европските натпреварувања.
Според британски „Ивнинг стандард“ 31-годишниот Аргентинец нема намера да го промени првичниот план, а тоа е, да го работи договорот со Сити до крајот на важноста.
По завршувањето на обврските кон премиерлигашот, Агуеро планира да се врати во Индипендент, клубот од каде му почна кариерата и каде сака да заврши со професионално играње фудбал.
Агуеро игра за Манчестер сити од летото 2011 година. Тој е најдобриот стрелец во историјата на тимот. Оваа сезона Аргентинецот има 23 гола и три асистенции на 30 натпревари.