среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал Наср тргнува и по ѕвездата на Барселона

Ал Наср тргнува и по ѕвездата на Барселона

Фудбалскиот клуб Ал Наср испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, објави Мундо Депортиво.

Овој 34-годишен фудбалер има важечки договор со Барселона до крајот на актуелната сезона, но каталонскиот клуб, а особено тренерот Чави, инсистираат на продолжување на соработката.

Бускетс се уште не се решил на ваков чекор и прашање е каква ќе биде реакцијата на понудата на клубот од Саудиска Арабија кој сака со него да потпише двегодишен договор за годишна плата од 18 милиони евра.

Од друга страна и Ал Наср е подготвен да ја зголеми сопствената понуда.