недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри: Мората е меѓу најдобрите напаѓачи во Европа

Алегри: Мората е меѓу најдобрите напаѓачи во Европа

Алваро Мората ја презема одговорноста во ситуација кога Масимилијано Алегри реши да го одмори Душан Влаховиќ, па откако постигна два гола против Сампдорија, доби и пофалба од својот тренер.

– Алваро е еден од најдобрите напаѓачи во Европа кога е техничкиот сегмент во прашање. Тој страда на теренот кога го терате да игра свртен со грб кон голот, но кога игра понастрана и има простор пред себе, знае да ги искористи своите карактеристики и доаѓа до квалитет неговата техника. Тој технички е извонреден. Цел тим денеска беше одличен на технички план, она што мора да го подобриме е контролирањето на мечот. Одново им дадовме шанса на крајот. Сампдорија не е лесен тим и добро е што победивме и постигнавме голови, тоа е најдобар тест за пресметката со Вилјареал во Лигата на шампиони, – порача Алегри.