Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги кажа своите впечатоци за синоќешниот натпреварот од 13. коло во италијанското првенство против Интер (2:0).
– Беше многу интересно да се гледа овој натпревар, особено затоа што имавме малку среќа во првото полувреме. Но, кога делувате активно, работите за тимот, тогаш шансите за успешен исход се зголемуваат. Тоа што го победивме Интер по три порази и реми е вистинска сатисфакција. Важно беше да се победи. Дозволивме само еден опасен момент, кога по грешка на Рабио шанса доби Лаутаро Мартинез. Со вакво залагање веројатно нема да губиме. Сезоната е долга. Имавме неуспеси, особено во Лигата на шампионите. Уживавме во победата над Интер, но сега треба да се фокусираме на следните натпревари. Наполи оди напред со импресивно темпо, но ќе видиме што ќе се случи по Светското првенство, изјави Алегри.
По овој натпревар, Јувентус со 25 бодови се искачи на петтото место во Серија А, Интер со 24 бодови е на седмото место. Лидер е Наполи со 35 бодови, пред Милан кој има 29.