вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри нема намера да го напушти Јувентус

Алегри нема намера да го напушти Јувентус

Масимилијано Алегри уште еднаш потврди дека нема намера да си замине од клупата на Јувентус, без разлика на катастрофалните резултати кои овој тим ги има под негово водство. 55. годишникот го најави утрешното дерби со Милан и рече дека плановите за новата сезона почнуваат од почетокот на јуни.

„Имам уште две години од мојот договор и ќе дадам се од себе за да го вратам Јуве на врвот. Од 5 јуни ќе почнеме да ја планираме следната сезона“, изјави Алегри и продолжи:
„Моментално сме втори на табелата оваа сезона. Тоа е подобрување во однос на минатата сезона со сите неволји што ги имаме. Имаме многу лоша недела зад нас, но мораме да се подигнеме и да останеме фокусирани на преостанатите два натпревари. Пласман во европските купови со оваа казна би било големо достигнување. Се зависи од нас и потребна ни е сила да го поминеме овој тежок период“, е пораката на тренерот на Јувентус.

Да потсетиме, пред неколку дена на „бјанконерите“ им беа одземени 10 бода поради финансиска измама за време на пандемијата на коронавирусот.