Српскиот фудбалер Александар Митровиќ оваа лето ќе го напушти Фулам, но нема да замине во Саудиска Арабија и да му се приклучи на Ал-Хилал, туку ќе замине во Италија.
Европскиот вицепрвак Интер е заинтересиран за напаѓачот на Фулам. Одличниот напаѓач е силно посакуван од тренерот на тимот, Симоне Инзаги.
„Нероаѕурите“ наводно понудиле 35 милиони евра за Александар Митровиќ, а одговорот треба да го понуди Фулам.