Фудбалерот на Манчестер Сити Хулијан Алварез ќе добие нов договор со значително зголемување на платата.
Аргентинецот оваа пристигна од Ривер Плата, а откако експлодираше во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар, Сити реши да го заштити од понуди со зголемен договор.
Алварез ќе потпише до јуни 2028 година со значително зголемување на платата, а се очекува договорот да биде официјализиран во наредните недели.
Алварез во Манчестер Сити пристигна за само 21 милион евра, оваа сезона забележа 31 настап, најмногу од клупата и постигна 10 гола со три асистенции.