четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Милан без Малдини е осуден на пропаст

Анчелоти: Милан без Малдини е осуден на пропаст

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти жестоко ја искритикува одлуката новиот сопственик да го избрка од клубот легендарниот Паоло Малдини.

Паоло Малдини ја имаше улогата на технички директор во Милан и беше најзаслужен што тимот се врати на победничките патеки.

„Тоа што му се случи на Малдини покажува недостаток на историска култура и покажување непочит кон традицијата на Милан. Вистина е дека историјата не носи победи, но историјата те учи како да победувате. Клубовите кои ги ставаат бизнис целите пред спортскиот успех се осудени на пропаст“, вели Анчелоти.