четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине

Анчелоти: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине

Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио засега не доби понуда за продолжување од управата на клубот што значи дека веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови. Тренерот Карло Анчелоти беше запрашан за иднината на Асенсио и даде интересен одговор.

„Не знам дали ќе остане или ќе замине. Искрено, не ми е гајле. Имаме големи предизвици пред нас до крајот на сезоната и најважно е да го дава максимумот на теренот. Нека продолжи да игра вака, а клубот ќе донесе конечна одлука“, изјави Анчелоти.