понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Останувам тренер на Реал, немаше преговори со Бразилците

Анчелоти: Останувам тренер на Реал, немаше преговори со Бразилците

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Италијанецот Карло Анчелоти повторно демантираше дека ќе ја преземе бразилската репрезентација на крајот од сезоната. Карло Анчелоти има договор со Реал до 30 јуни 2024 година.

Бразил моментално е без селектор откако Тите доби отказ по елиминацијата во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Катар.

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Бразил веќе неколкупати најави дека сака Анчелоти да ја преземе репрезентацијата на „Кариоките“ на крајот од сезоната.

„Нема да зборувам за иднината, но приказните дека имам рок се глупости. Нема краен рок, бидејќи никогаш не сум ни разговарал со никого за преземање на бразилската репрезентација. Време е за тие приказни да престанат“, изјави Анчелоти.