четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти се пошегува за промашувањето на Модриќ: За среќа, објавен е составот на Хрватска за СП 2022

Анчелоти се пошегува за промашувањето на Модриќ: За среќа, објавен е составот на Хрватска за СП 2022

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се пошегува на сметка на Лука Модриќ кој синоќа на натпреварот против Кадиз (2:1) во Ла Лига, промаши празен гол.

-Пред нивниот гол игравме добро и можевме да го направиме резултатот 3:0 доколку Модриќ постигнеше гол во прилично едноставна ситуација. После тоа бевме казнети, но ги освоивме бодовите. Заслужено победивме. За среќа на Модриќ, хрватскиот состав за Светското првенство 2022 е веќе објавен и тој нема да има проблеми, изјави Анчелоти за „DAZN“.

Хрватот при резултат 2:0 од 5-6 метри ја промаши празната мрежа на противникот.

Реал на паузата поради Мундијалот во Катар оди со два бода заостанување зад лидерот во Шпанското фудбалско првенство, тимот на Барселона.